Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Перински: Заедно продолжуваме да градиме мултиетничка хармонија и решенија за сите предизвици

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија скопската Општина Чаир, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“, соопштија од кабинетот на министерот Златко Перински.

На работната средба со градоначалникот Висар Ганиу и членовите на општинскиот Совет, разговараа за актуелниот процес за измени на Законот за локална самоуправа, дискутираа за децентрализацијата, како и за можностите за надминување на одредени проблеми со кои се соочува Општината поради игнорантскиот однос на Град Скопје и за евентуалните измени на Законот за Град Скопје. Од Општината информираа и за тековните проекти кои ги реализираат, како и за подготвеноста за учество на вториот јавен повик за финансиска поддршка на инфраструктурни проекти, кои ќе се финансираат од државниот буџет.

Министерот Перински истакнал дека Општина Чаир е една од важните симболи на мултиетничката и мултикултурната традиција во Скопје, а истовремено специфична и по други околности.

Реклама

„Општина Чаир брои 63.000 жители, а се простира на само 3,5 квадратни километри, што значи многу жители на мала територија, што само по себе е предизвик да се испочитуваат потребите на граѓаните во целост. Ние како Министерство и како Влада, продолжуваме да работиме заедно со општините на создавање услови за подобар живот за сите наши граѓани, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Најважно од се е да ги решаваме предизвиците кои ги наметнува урбаното живеење, да ги слушнеме потребите на граѓаните и да инвестираме за да се надминат сите предизвици“, изјави министерот Перински.

Градоначалникот Ганиу изрази благодарност за транспарентноста, кооперативноста и континуираната соработка од страна на Министерството за локална самоуправа, како и за финансиската поддршка на Владата за реализација на инфраструктурни општински проекти.

„Периодов имавме многу средби на кои дебатиравме за измените на Законот за локална самоуправа и верувам дека заеднички ќе создадеме Закон кој ќе овозможи пофункционални општини, за доброто на граѓаните. Соработуваме и по основ на јавните повици за финансиска поддршка на општински проекти. Веќе 100 отсто ни се исплатени средствата за проектите од првиот повик, а се подготвуваме да аплицираме со 25 проекти на вториот повик. Оваа Влада со дела покажа дека не ги дели општините по ниту еден основ, туку искрено е фокусирана на надминување на предизвиците со кои се соочуваат општините и граѓаните со желба за поголем развој и напредок на сите локални самоуправи “, истакна градоначалникот Ганиу.

Посетата на министерот Перински на Општина Чаир продолжува утре со средба со сите заинтересирани граѓани, претставници на невладини организации, спортски и културни работници, кои сакаат да дадат свои предлози и сугестии во насока на поголем напредок на Општината. Средбата ќе се одржи во 18.30 часот во ОУ„Исмаил Ќемали“.