Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Перински во Виница – силна поддршка од државата за локалниот развој

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ денека оствари работна посета на Општина Виница, каде со градоначалникот Митко Костадиновски и претставниците на Советот на општината разговараше за приоритетите, она што е потребно на општината и можностите за поддршка во наредниот период.

Како што информират од минитертвото во фокусот на разговорите била и работата на новоформираниот Ресурсен центар за поддршка на општините, како и Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, кој вчера електронски беше доставен до сите градоначалници како алатка за поефикасно управување во првите месеци од мандатите.

-Во рамки на посетата беше направен и увид во реализацијата на проектот „Да ја поканиме природата во нашите градови“, финансиран преку првиот повик на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Македонија, во рамки на Приоритет 1: „Позелен пограничен регион“. Вредноста на проектот за Општина Виница изнесува 300.743 евра, од кои 15% национално кофинансирање е обезбедено од Министерството за локална самоуправа. Владата континуирано инвестира во развојот на Виница. Во изминатиот период, преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти во општините, беа одобрени 15 проекти, со вкупна вредност од 159.058.947 денари. Министерството за локална самоуправа останува посветено на унапредување на локалниот развој, преку поддршка на општините со развојни, инфраструктурни и зелени проекти кои носат видливи и одржливи придобивки за граѓаните, се наведува во соопштението.