Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мицкоски и Перински во Неготино: Проект од 150 милиони денари – нов затворен градски пазар и нова комунална инфраструктура

Реконструкција на улици, изградба на комунална инфраструктура, градски пазар, нова населба –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкција на улици, изградба на комунална инфраструктура, градски пазар, нова населба – парите од Владата за локалните самоуправи се користат за модернизација на општините. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински извршија увид на повеќе градежни активности во Општина Неготино. Задоволни од проектите кои се финансирани од првиот јавен повик, уверуваат дека во Македонија нема да има ниту една заборавена општина и дека преку капитални инвестиции ќе се подобри животот на граѓаните.

Во име на тоа сакам да кажам дека дел од овие слушнавте се завршени со општинскиот буџет, дел се од првиот повик коишто го имаше Министерството за локална самоуправа и сега веќе е објавен вториот повик во разговор со градоначалникот заклучив дека има подготвено проекти во вредност многу поголема од таа што ќе се финансира во овој втор повик така што имаме проекти и за третиот и за четвртиот повик. Сега некаде проектите што ќе бидат финансирани, ќе ме коригира градоначалникот ако нешто промашам се околу 150 милиони денари во вториот повик, но и 150 милиони денари преку проектот и повикот којшто го објави Министерството за локална самоуправа ќе бидат финансирани во општина Неготино за инфраструктурни проекти и на тоа треба да се спомене и додаде дека на вчерашната владина седница помина проект за целосна реконструкција на улицата „29 Ноември“ во вредност од 36,5 милиони денари, појасни Мицкоски.

Денеска сме во посета на Општина Неготино како дел од иницијативата „Каде што срцето е дома“, со која ја потврдуваме нашата посветеност за соработка и поддршка на сите локални заедници и нивниот развој, во интерес на граѓаните. Ми претставува огромно задоволство што проектите кои ги реализираме од првиот јавен повик веќе го гледаат светлото на денот. Денеска отпочнати се градежни активности на два од трите проекти со коишто Општина Неготино аплицираше на првиот јавен повик. Би сакал да се заблагодарам на проактивноста на градоначалникот и се надевам дека со истото темпо ќе продолжи да аплицира за проекти коишто се од интерес на граѓаните и на вториот јавен повик којшто е во тек. Ова е доказ дека за оваа Влада предводена од премиерот Мицкоски, не постојат заборавени места. Рамномерниот развој за нас е императив, затоа што со него гарантираме економска и социјална стабилност на земјата и секако со тоа го зголемуваме квалитетот на живот на сите граѓани, изјави Перински.

Реклама

Дел од проектите се финансирани од Владата, а дел од Општината. Неготинскиот градоначалник најави градежна сезона и уште позасилено темпо на реализација на капитални инвестиции. За тоа вели ќе помогне и вториот јавен повик за пари за општините.

Освен јавните повици за проекти кои се финансирани од централната власт, Министерството за локална самоуправа неодамна започна со теренските посети под името „Каде што срцето е дома“. Целта е преку директни средби, размена на искуства, идеи и предлози, да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување.