Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Перински ќе се обрати пред светски лидери и министри на Светски урбан форум 13 во Баку 

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, од денеска па во наредните два…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, од денеска па во наредните два дена ќе престојува во Баку, каде како носител на делегацијата од Македонија ќе учествува на Светски урбан форум 13, еден од најзначајните глобални настани посветени на иднината на градовите, локалниот развој и одржливите заедници.

Форумот, кој е организиран од UN-Habitat, посочуваат од Министерството за локанла самоуправа, претставува висока меѓународна платформа на која се дискутираат клучните предизвици поврзани со урбанизацијата, домувањето, климатските промени, инфраструктурниот развој и креирањето политики за поквалитетен живот на граѓаните.

Согласно најавите на организаторот, на форумот се очекува присуство на повеќе од 30.000 учесници од над 180 држави, меѓу кои шефови на држави, министри, претставници на меѓународни организации, локални власти, академската заедница и приватниот сектор.

Реклама

-На самиот почеток на форумот, министерот Перински, заедно со повеќе од 100 министри и носители на национални делегации, ќе се обрати на националните обраќања посветени на темата на форумот „Домување: Безбедни и отпорни градови и заедници“, со осврт на достигнувањата, искуствата и идните насоки во однос на спроведувањето на Новата урбана агенда, соопшти МЛС.

Во рамки на посетата, се наведува во соопштението, македонската делегација ќе реализира и повеќе билатерални средби со претставници на институции и организации од повеќе држави, со фокус на размена на искуства, јакнење на меѓународната соработка, одржлива урбанизација, инклузија и отворање нови можности за поддршка на локалниот и рамномерниот регионален развој.