Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Перформанс инспириран од акустичниот концерт на „Нирвана“ вечерва во Драмскиот театар

Британската уметница Ема Франкланд вечерва во Драмскиот театар во Скопје ќе го изведе перформансот „Без извинувања!“, инспириран од акустичниот концерт на групата Нирвана од 1993 година.  Како што стои во соопштението на организацијата Хартефакт, делото кое што е создадено и изведено од Франкланд, претставува спој на жива музика, театарска претстава и автобиографско раскажување. Тргнувајќи од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Британската уметница Ема Франкланд вечерва во Драмскиот театар во Скопје ќе го изведе перформансот „Без извинувања!“, инспириран од акустичниот концерт на групата Нирвана од 1993 година. 

Како што стои во соопштението на организацијата Хартефакт, делото кое што е создадено и изведено од Франкланд, претставува спој на жива музика, театарска претстава и автобиографско раскажување. Тргнувајќи од спекулативната премиса како би изгледало доколку фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, бил транс-жена, претставата ги преиспитува културните митови, колективните сеќавања и прашањата за видливоста и припадноста. 

– За генерациите што растеа во деведесеттите, музиката на Нирвана претставуваше повеќе од саундтрак, таа беше простор за препознавање, отпор и обликување на сопствениот идентитет. Но што ако една од најголемите икони на таа генерација ја замислиме поинаку? Што ако Курт Кобејн бил транс жена? „Без извинувања!“ тргнува од оваа спекулативна премиса, преиспитувајќи ги културните митови и колективните сеќавања што нè обликуваат, како и искуствата и перспективите што честопати остануваат надвор од доминантните наративи – стои во соопштението.

Реклама

Настанот во Скопје е дел од балканската турнеја на Франкланд, која следува по претставувањето на Фестивалот во Единбург минатата година. 

Како дел од балканската турнеја, на сцената заедно со Франкланд ќе настапи и бенд составен од музичари од регионот. Гостувањето е во продукција на „Marlborough Productions“, со поддршка од програмата „Art in Action“ на Британскиот совет, чија цел е зајакнување на креативната и културната соработка помеѓу Западен Балкан и Обединетото Кралство.

Настанот е во организација на Хартефакт, а во соработка со „Skopje Pride Weekend“ и Коалиција Маргини.

Влезот за посетителите е бесплатен, со задолжителна претходна електронска регистрација на [email protected].