Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Пентагон: Не се точни наводите дека се повлекуваме од Јужна Кореја

Пентагон денеска ги негираше наводите на јужнокорејските медиуми дека САД ја разгледува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пентагон денеска ги негираше наводите на јужнокорејските медиуми дека САД ја разгледува можноста за значително намалување на бројот на војници во Јужна Кореја, доколку Сеул не придонесе позначително во делот на распределбата на трошоцитеза американските војници.

Претходно американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека не е запознаен со било какви планови дека 4.000 американски војници се повлекуваат од Јужна Кореја, во случај на неуспех на преговорите за поделба на трошоците.

-Не сум слушнал за тоа, рече Еспер во текот на посетата на Виетнам, запрашан за коментар за наводите на јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“, пренесуваат британските медиуми.

Реклама

На прашањето дали постои закана американските сили да се повлечат од Јужна Кореја во случај на неуспех на преговорите, Еспер кажа дека САД не им се закануваат на сојузниците.

-Тоа се преговори, нагласи тој.

Портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман, изјави дека „нема апсолутно никаква вистина во текстот на „Чосун Илбо“  дека американското Министерство за одбрана во моментов ја разгледува можноста да ги тргне своите војници од Корејскиот полуостров.

-Еспер минатата недела беше во Јужна Кореја каде повеќе пати ја повтори нашата цврста посветеност на Јужна Кореја и нејзиниот народ, рече Хофман.