Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Пенкса: Секој фемицид може да се спречи доколку сме подготвени да видиме што пропуштил системот

Спречување фемицид бара должна почит и координирани активности кај сите институции и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спречување фемицид бара должна почит и координирани активности кај сите институции и сектори, истакна денеска заменик-шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Сузан Пенкса на завршниот дел на дводневната Регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа што се одржа во Собранието. 

– Секој фемицид може да се спречи, но само доколку научиме и сме подготвени да видиме што пропуштил системот. Мора да ги препознаеме обрасците на насилство, да ги направиме жртвите видливи, а ги нема во официјалните податоци, да го разгледуваме секој случај преку родова перспектива и да се прашаме дали институциите делувале со должна почит. Така секој случај ќе го направиме во научена лекција и ќе го спречиме следниот фемицид – смета Пенкса.

Оние што се први на терен – полицијата, обвинителите, судиите мора да бидат способни родовиот мотив да го препознаат уште од самиот почеток. – Доколку не ги видат овие индикатори може да ги пропуштат оние обрасци на насилство и можностите да се спречи да има нова жртва – рече амбасадорката на ОБСЕ. 

Реклама

Како втор заклучок таа посочи на имлементацијата на законите, но и надзорот како тие се спроведуваат и дали навистина се штитат жените од насилство.  

– Законот ги штити жените само кога се спроведуваат во пракса. Собранијата имаат важна улога во надзор врз нивното спроведување, да имаат јавни расправи, да вршат мониторинг, да има систематско следење и да бидат сигурни дека институциите ги имаат потребните ресурси и средства за да делуваат- рече Пенкса.

Граѓанските организации со својата независност и посебна експертиза, додаде таа, мора да имаат свој глас во овој процес.  

На вториот ден од конференцијата беше посочено дека националните влади треба да посветат внимание на собирање на податоците за фемицид, како и тоа да биде во согласност со статистиката што ја водат Обединетите нации. Тоа, како што беше нагласено, ќе помогне за анализа на состојбите во земјите и преземање соодветни активности. 

Заменик шефицата на ОБСЕ во Скопје, во еден од заклучоците, рече дека податоците се важни, но дека нивната вредност е во она што ни помагаат да откриеме. Пенкса укажа дека исто така е значајна и меѓуинституционалната соработка. 

– Таа тема ја слушнавме низ сите панели. Соработката вклучува споделување на информации и подготвеност да научиме од претходните искуства и исто така потребна е политичка волја да се сменат политиките и практиките што не ги унапредуваат напорите за превенција. Препораките што беа презентирани вчера и денес ќе ни дадат основа за нашата натамошна работа на национално ниво, како и за натамошен регионален дијалог и взаемно учење – рече заменик-шефица на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Сузан Пенкса.    

Дел од учесничките на конференцијата ја нагласија потребата за психолошка поддршка на децата на жртвите на фемицид и на семејно насилство со цел во иднина да не го повторат истиот образец. 

Беше предложено на следната конференција да бидат повикани учеснички од Шведска или Финска да ги споделат нивните искуства со оваа проблематика. 

Дводневната регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа беше во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.