Реклама

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Македонија

Пелагонсиските сточари бараат итна исплата на заостанатите субвенции за шест месеци

 На само нешто повеќе од еден месец пред истекот на годинава, македонските…

Сподели:

 На само нешто повеќе од еден месец пред истекот на годинава, македонските сточари оставени на „куси ракави“. Стравуваат како ќе ја презимат престојната зима. Се’ уште неисплатените субвенции за шест месеци од лани и воопшто не почнатите за оваа година, велат, ги фрлаат во очај, бидејќи пари немаат, а зимата ќе биде долга.

Моменталната состојба кај сточарите е многу критична затоа што ни ветуваа дека до крајот на ноември ќе ни ги исплатат субвенциите за 2022 година. Еве го е ноември „излегува“ уште 3-4 дена, а немаме никаков одговор. Плус за еден месец „излегува“ и 2023. Дури беше суша-суша, сега нагло – промена на времето, дождови, студено, не можеме да пожнееме зрно од пченка, храна доволно немаме за стоката. Така што, со сточарите едноставно си играат мајтап“, – ни изјави за Алфа, Тони Петковски, сточар од с. Велушина-битолско.  

Петковски вели дека сточарството во Македонија е на раб на пропаст. Тој е уверен дека со ваков однос на државата, македонските сточари ќе можат да издржат преку сила уште најмногу три години пред стоката и целосно да исчезне од фармите и трлата. „После тоа, кравите, овците, козите и другата стока ќе ги гледаме само во Зоолошка градина, а Македонија ќе стане комплетно зависна од увозот на прескапа храна“, разочарано објаснува Петковски. 

Реклама

И тие што сме со стока, принудени сме да намалуваме и да се откажуваме. Моментално, на нашиот Пелагониски терен, по Битола и по селата, за месец дена исто се затворија 4-5 фарми по 20 грла што беа сите. 4-5 откупни пункта по селата затвори и Битолска млекара, бидејќи нема повеќе сточари да носат млеко“, ни рече Петковски.

Освен неисплатените субвенции за вкупно 18 месеци, на сточарите не им бил исплатен ни персоналниот данок дури за три години. А заради лошите временски прилики и неожнеаната пченка, сега морале да купуваат готови концентрати за храна за презимување на стоката, што за нив било прескапо. Затоа, бараат најдоцна до 10 декември државата да им ги исплати побарувањата. Во спротивно се закануваат дека и тие масовно ќе му се придружат на генералниот штрајк најавен од македонските синдикати.  

 Каролина Дурло