Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Македонија

Пеев: Имаме план за нова регионална патна врска Ѓавото-Грчиште и ќе го реконструираме системот за водоснабдување во Богданци 

Марјан Пеев, кандидат за градоначалник на општина Богданци од ВМРО-ДПМНЕ за локалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марјан Пеев, кандидат за градоначалник на општина Богданци од ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани на 19 октомври годинава, се обрати од денешниот народен митинг во Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

Пеев посочи дека треба конечно да се стави крај на самоволието кое ги одредува општинските политики и кажа дел од проектите и плановите за Богданци.

„Треба конечно да ставиме крај на самоволието кое ги одредува општинските политики. Во програмата имаме големи планови за општина Богданци. Итно ќе ги донесеме урбанистичките планови за Богданци и урбанистичка документација за села потребни за развој на општината. Ќе инвестираме во соларна фарма за производство на електрична енергија за потребите на пумпна станица во Ѓавото, ќе обезбедиме поврзување на сите населени места со Богданци преку субвенциониран општински линиски превоз, ќе инсистираме препораките од ИЗИИС да се исполнат и образовниот процес на основците да се врати во објектот на основното општинско училиште Петар Мусев Богданци, имаме сериозен план за подобрување на локалната инфраструктура преку патна поврзаност со нова регионална врска Ѓавото-Грчиште, реконструкција на систем за водоснабдување во Богданци, реконструкција и ревитализација на локални улици во сите населени места, обнова и изградба на детски и спортски игралишта, ќе ја доизградиме инфраструктурата во индустриските и туристичката зона, поддршката за младите, пензионерите и ранливите категории на граѓани нема да биде само декларативна туку и суштинска. Културните збиднувања и настани ќе ги издигнеме на повисоко ниво и ќе бидат достапни за сите“ кажа Пеев.

Реклама

Пеев ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 19 октомври за Богданци да стане посакувано и поубаво место за живеење.

„Во наредните 4 години општина Богданци ќе стане посакувано место за живеење, планираме да изградиме професионална и ефикасна администрација и да донесеме низа стратешки документи битни за развој на општината. Имаме обврска секоја институција, секој јавен простор и секоја услуга во надлежност на општината да ја направиме достапна за сите. Нема да биде лесно затекнавме инфраструктурно руинирана општина но имаме многу проекти кои значат подобрување на квалитетот на живот во општина Богданци. Мнозинството граѓани знае да ја направи разликата помеѓу вредни, посветени луѓе со реални ветувања од една страна и луѓе кои имаат ветувано се и сешто без реализација. Направете го вистинскиот избор за општина Богданци. Заокружете број 9“ заклучи Пеев.