Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

Педијатри: Старосната граница на родителите, стресот – главни причини за предвременото раѓање на бебињата

Бебе родено во 23 недела од бременоста на мајката е најмалото преживеано…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бебе родено во 23 недела од бременоста на мајката е најмалото преживеано во Македонија. Денеска е Светски ден на предвремено родените деца, чиј број кај нас, но и во светот се зголемува. Здружението на неонатолози и „Алкалоид“ АД Скопје, по повод Светскиот ден организира стручен собир, во чии рамки беа презентирани и резултатите од клиничкото истражување за линијата „Бекутан Сензитив“, спроведено во нашата земја, во соработка со четири болници.

Брзото темпо на живот, стресот, старосната граница на родителите, но и вештачкото оплодување се главните причини за предвременото раѓање на бебињата. Бебе родено во 23 недела од бременоста на мајката е најмалото преживеано во Македонија. Според статистиките, од 2017 досега, за 74% е намалена смртноста на предвреме родените бебиња. Па така, таа во 2016 година, изнесувала 25%, за во 2023 година да достигне 5,6%. Денеска е Светски ден на предвремено родените деца, чиј број се зголемува.

  • Постојат многу причини за зголемување на бројот на предвреме родените деца. Дел од причините за тоа е поместување на старосната граница за раѓање кај жените, се повеќе од нив по 36 година одлучуваат да станат мајки, стилот на живот, стресот, вештачкото оплодување. Од друга страна се зголемува и преживувањето на предвреме родените, што многу не радува. Но, не е битно само преживувањето, туку и квалитетот на живот, детето да има помалку последици. Затоа посветуваме многу внимание на раната интервенција и развојното следење на децата, вели проф. д-р Силвана Наунова Тимовска, претседател на Здружението на неонатолози.

По повод светскиот ден на предвремено родените деца, Здружението на неонатолози на Македонија во соработка со наголемиот фармацефтски гигант „Алкалоид“ организираа и стручен собир. Овој ден е многу значаен за педијатрите, кои прават се за здравјети на новородените деца.

Реклама

Овој ден е многу значаен за педијатрите бидејќи е посветен на највулнерабилната група на новородени деца, истакна прим. д-р Марина Поп Лазарова.

  • Тоа се недоносените деца, или деца кои се родени пред полна 37 гестациска недела. Колку е поголема нивната незрелост толку е поголема нивната сензитивност. Сите овие деца ги згрижуваме на одделенијата за специјална нега и терапија, бидејќи таква е нивната потреба, после порорувањето имаат потреба од поголема поддршка, објасни докторката.

Овогодинешното мото на Светскиот ден на прематуритетот е „Кожа на кожа“, која како еден од најголемите органи, кој е особено значаен за бебето.

  • Во тој контекст имаме на располагање една одлична колекција. Во соработка со Бекутан правевме шестмесечна, мултицентрична клиничка студија во која беа опфатени 300 новородени деца, од кои 15 проценти беа недоносени. Со користењето на средствата од колекцијата Бекутан Сензитив, маслената купка која ја штити и не дозволува сушење на кожата на новороденото што е многу важно, соодветно масло, односно млеко за кожа и СОС-кремата која е наменета за особено чувствителна и црвена кожа, се покажа дека имаме соработник за чување, нега и заштита на кожата на новороденчето, вклучително и вулнерабилната кожа кај недоносените деца. Студијата покажа одлични резултати во сите институции во кои се спроведуваше. Колекцијата претходно е тестирана во релевантна лабораторија на Европската Унија, а ние продолживме со клиничко испитување, рече Поп Лазарова.

Инаку, „Бекутан“ веќе 5 децении ја негува довербата на милиони родители и претставува синоним за врвна нега, во соработка со педијатри, неонатолози и дерматолози.

Статистиките велат дека околу 15 милиони бебиња во светот се раѓаат предвреме секоја година, или едно на секои 10 новородени.

Борис Грујоски