Инвестирањето во знаење и во модерна терапија претставува директна инвестиција во здравјето на децата, порачаа педијатрите на конгресот што се одржа во Скопје. Фокусот беше ставен на респираторните заболувања кај децата, кои, според лекарите, се во пораст.
Современиот пристап, покрај континуираното надградување на знаењата и вештините на лекарите, подразбира и пристап до современи терапии и лекови, кои веќе се стандард во многу земји.
