Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Пецаков: Реконструкција на дел од „Туристичка“ и пречистителна станица во Трпејца меѓу приоритетите

Меѓу приоритетните проекти за реализација во наредниот градоначалнички мандат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓу приоритетните проекти за реализација во наредниот градоначалнички мандат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков, ги најави реконструкцијата на дел од булеварот „Туристичка“, како и изградбата на пречистителната станица за фекална канализација во Трпејца.

Како што посочува Пецаков, реконструкцијата на делот од „Туристичка“ значително ќе го подобри изгледот и функционалноста на градот.

Проектот предвидува нови тротоари, целосна реконструкција на велосипедските патеки, модерно и ефикасно јавно осветлување, поставување нови клупи за одмор и канти за отпадоци.

Реклама

-Потегот на булеварот од улицата „Стив Наумов“ до улицата „Јане Сандански“ ќе биде трансформиран во вистинска урбана зона, насочена кон пешаците, велосипедистите и модерните стандарди, вели тој.

Пецаков порачува дека заложбите за заштита на животната средина не се само декларативни, туку реални дела.

-По децениска потреба, во тек е изградбата на пречистителна станица во Трпејца. Ова е круцијален проект за чиста околина. Продолжуваме со решавање на клучните инфраструктурни проблеми. Како приоритетен проект за наредниот мандат е изградбата на секундарна канализациона мрежа во село Трпејца. Со ова, систематски ја заштитуваме нашата околина и езерото. Продолжуваме со посветена работа за поквалитетен живот и чиста животна средина, вели Пецаков.