Реклама

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Македонија

Пецаков најави изградба на Младински културен центар во Охрид

Охрид заслужува да биде град каде младите креираат, творат и се забавуваат.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид заслужува да биде град каде младите креираат, творат и се забавуваат. Затоа, во следниот мандат, наш приоритетен проект е изградбата на модерен Младински културен центар (МКЦ) во рамки на поранешната касарна. Тоа го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, поддржан од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Според Пецаков, локацијата не е случајно избрана, туку се трансформира просторот на поранешната касарна, во вистински центар на креативноста и културата.

-На едно место се спојуваат сите организации и иницијативи, создавајќи жива и инспиративна заедница. МКЦ не е само зграда. Таа е место каде ќе има простории за сите што сакаат да свират, изложбен салон за младите уметници, простор за работилници, настани и забава. Го градиме Охрид за младите, го градиме Охрид за сите, вели Пецаков.