Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Павловски: Ранковце ќе биде место каде вреди да се живее, да се работи и да се создава иднина

Даниел Павловски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Даниел Павловски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес се обрати од народниот митинг во рамки на изборната кампања, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Павловски најава проекти кои ќе овозможат подобар живот за жителите на општина Ранковце, чиста и безбедна средина, како и поддршка за младите. Како што кажа тој,  во соработка со централната власт, целта е Ранковце да стане општина каде што вреди да се живее и создава иднина.

,,Денес не зборуваме за празни ветувања, туку за дела, за реални проекти кои го менуваат ликот на општината“, рече Павловски и наброи дел од проектите во делот на инфраструктурата.

,,Во село Опила ќе започнеме со изградба на  канализациона мрежа, во село Псача ќе се изврши ревизија на новиот водовод и ќе има конечно решение за проблемот со водоснабдувањето. Во село Љубинци ќе ја ревидираме и ставиме во функција постоечката канализација. Реновирање на канцелариите и изградба на гаража за потребите на ЈКП „Чист ден“, Ранковце, нова градинка во центарот на општината  затоа што најмладите заслужуваат најдобри услови, ќе направиме и видиковец и пешачка патека кон крстот Камлеш,како симбол на духовно и туристичко обединување. Ќе вложуваме во патишта и локална поврзаност, затоа ќе го асфалтираме патот од село Педралица до Баратлија, во должина од 6 километри. Ќе продолжиме и со реконструкција на локалните патишта. Во село одрено асфалтирање на пат до Брвовска мала, во село Псача, асфалтирање на пат Манастирска мала и Дамјанска мала. Во село Педралица асфалтирање на пат до Караманова мала. Во Радибуш, асфалтирање на пат до Митковска мала и асфалтирање на пат од село Радибуш до Средна мала во Герман, во Гиновци, асфалтирање на пат до црквата, и патот А2 до железничка пруга. Ќе изградиме и мост на Блидешка река“.

Реклама

Павловски најави низа мерки за унапредување на условите за деца и млади  како изградба на игралишта, поддршка за ученици, бесплатна градинка и дигитализација на услугите.

,,Нови детски игралишта во селата Ранковце, Петралица, Опила, Гиновце и Псача, ќе направиме мини парк во село Одерно, за најмалите жители на селото. Ќе направиме доградба на училници и санитарни јазли во училиштата, обезбедуваме финансиски надоместок за сите првачиња, награди за ученици кои освојуваат високи резултати на државно и меѓународно ниво, обезбедуваме бесплатна градинка за секое дете, бесплатен интернет на сите јавни површини и дигитализација на општинските услуги за ефикасна и модерна администрација“, кажа Павловски.

Павловски порача дека секој проект ќе придонесе за подобар и побезбеден живот во општината. Со поддршка од државата и одговорна локална власт, Ранковце ќе стане место каде што вреди да се живее и гради иднина.

,,Секој проект значи подобар живот, чисти улици, безбедни патишта, насмеани деца и горди жители. Со поддршка од централната власт, со чесна и одговорна локална администрација, Ранковце ќе стане место каде вреди да се живее, да се работи и да се создава иднина“, заклучи Павловски.