Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Паунов: Карбинци се развива со инвестиции во образованието, инфраструктурата, спортот и младите

Денес како градоначалник на Општина Карбинци, стојам пред вас за да дадам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес како градоначалник на Општина Карбинци, стојам пред вас за да дадам отчет за сработеното. За мене, отчетноста и транспарентноста не се само зборови. Тие се обврска кон граѓаните. Обврска секој кој ја добил вашата доверба да покаже што ветил, што реализирал и што останува да се направи – истакна на прес-конференција Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци.

Пред скоро една година ја добивме вашата доверба да продолжиме да ја развиваме Општина Карбинци. Денес сакам искрено да ви се заблагодарам за таа доверба. Но, уште повеќе да ви се заблагодарам за секоја сугестија, за секоја критика и за секој разговор со вас, затоа што токму од нив произлегуваат дел од решенијата за проблемите со кои секојдневно се соочуваме.

Во изминатиот период работевме одговорно, посветено и со јасна цел – Општина Карбинци да се движи напред. И денес можеме да кажеме дека Карбинци се развива. Не само на хартија, не само преку планови и ветувања, туку преку конкретни проекти кои се гледаат на терен и кои остануваат зад нас.

Реклама

Започнавме и реализиравме проекти во повеќе населени места во општината. Инвестираме во образование,инвестираме во инфраструктура, инвестираме во канализација и водна инфраструктура, инвестираме во спортот, културата и младите.

И, пред сè, инвестиравме во подобри услови за живот на нашите граѓани. Еден од најзначајните проекти е изградбата на новата училишна зграда во селото Радање.Ова не е само нов објект.

Ова е инвестиција во нашите деца, во нивното образование и во иднината на нашата општина.Продолживме и со инвестиции во предучилишното образование. Ја доградуваме детската градинка „Кокичиња“, со што обезбедицме дополнителен капацитет за околу 100 деца.

Тоа значи повеќе места за најмалите, подобри услови за згрижување и директна поддршка за младите семејства.

А кога зборуваме за младите, нашата политика е јасна – сакаме младите да имаат причина да останат тука, да создаваат семејства и својата иднина да ја градат во Карбинци.

Затоа воведовме конкретни мерки.

5000 денари поддршка за секое дете кое започнува во прво одделение.

5000 денари поддршка за секој ученик кој ја започнува првата година од средното образование.

5000 денари поддршка за студентите кои ја започнуваат првата година на државните универзитети. И 10.000 денари финансиска поддршка за секое новороденче.

Ова можеби се финансиски средства кои на прв поглед не изгледаат големи, но за едно семејство значат поддршка во вистински момент.

Тоа е нашата порака – Општина Карбинци е тука за своите семејства, за своите деца и за своите млади. Но, развој нема без добра инфраструктура. Затоа во изминатиот период реализиравме и започнавме изградба на нови улици во Карбинци и Таринци.

Со поддршка од Светска банка, започнавме со изградба на уште две нови улици во село Таринци, со што продолжуваме да ја подобруваме патната инфраструктура и условите за живот во населените места.

Еден од проектите на кој особено се гордееме е новата пешачка патека Таринци – Карбинци, во должина од 1,5 километри.

Ова е проект кој поврзува две населени места, но пред сè создава побезбедни услови за движење на пешаците и нов простор за рекреација и физичка активност на граѓаните.

Инвестиравме и во спортската инфраструктура. Ја реконструиравме училишната спортска сала, со поставување модерен спортски под и создавање нови, современи услови кои  исполнуваат потребни стандарди.

Затоа што сакаме нашите деца да растат здраво, да спортуваат и да имаат услови за развој на своите таленти. А спортот во Карбинци не е само инфраструктура.Тоа се и луѓето кои секојдневно работат со нашите деца.

Продолживме со поддршка на ФК Карбинци, БК „Киро Ристов“, БК Карбинци и Карате клубот „Синсеј“, затоа што веруваме дека секое дете кое ќе избере спорт е дете кое избира здрава иднина.

Но, една од најголемите инвестиции во овој период е и изградбата на каналот Герен во Долни Балван. Станува збор за огромен капитален проект кој решава долгогодишен проблем и ќе има значење за, заштита на животната средина како и дополнително урбан лик во ова населено место.

Паралелно работиме и на регулација на реката Брегалница, со изградба на габионските прагови, со што преземаме конкретни чекори за заштита и уредување на речниот тек и подобрување на безбедноста на просторот околу самата река.

Го подобруваме и секојдневниот живот во населените места. Работиме на подобрување на уличното осветлување, затоа што безбедноста и квалитетот на животот на граѓаните се создаваат и преку вакви, навидум мали, но исклучително важни работи.

Посветуваме внимание и на животната средина и на енергетската ефикасност. Продолжуваме со субвенции за набавка на клима-уреди и субвенции за пелети за домаќинствата, со што им помагаме на граѓаните да ги намалат трошоците и да создадат подобри услови за живеење.

Но, една општина не се гради само со улици, објекти и инфраструктура. Општината ја прават и луѓето. Затоа во изминатиот период посветивме внимание и на културата, традицијата и заедничкиот живот.Организиравме и поддржавме културни настани, одбележување на празници и манифестации кои ја негуваат нашата традиција и културно наследство.

Посебно место има и нашето Играорно друштво „ЕуроАрт“, кое со својата работа ја претставува Општина Карбинци и ја чува традицијата на нашите простори.

Затоа што Карбинци треба да биде општина во која не само што се гради, туку и се живее, се создава и се негува заедништвото.

Почитувани граѓани,

Една година можеби и не е долг период. Но, една година е доволна за да се покаже дали постои волја, работа и сериозна динамика. А денес зад нас имаме конкретни резултати.

Нова училишна зграда.

Доградба на градинката „Кокичиња“.

Нова пешачка патека од Таринци до Карбинци.

Нови улици во овие населени места.

Две нови улици со поддршка од Светска банка.

Реконструирана спортска училишна сала.

Капитален проект – канал Герен во Долни Балван.

Регулација на Брегалница.

Подобрено улично осветлување.

Поддршка за учениците, студентите, младите семејства и новороденчињата.

Поддршка за спортот, културата и традицијата.

Тоа е само дел од она што го направивме.

Но, ова не е крајот. Напротив. Ова е само една година од мандатот и пред нас е уште многу работа.

Ќе продолжиме со изградба и реконструкција на инфраструктурата.

Ќе продолжиме да инвестираме во образованието и детската заштита.

Ќе продолжиме да ги поддржуваме младите и семејствата.

Ќе продолжиме да инвестираме во спортот и културата.

Решавајќи нормално и проблеми кои со години ги оптоваруваат нашите населени места. И ќе продолжиме да работиме за секое едно населено место во Општина Карбинци.

Нашата цел е јасна – модерна, развиена и функционална Општина Карбинци.

Општина во која младите ќе имаат услови да останат.

Општина во која семејствата ќе имаат поддршка.

Општина во која децата ќе имаат подобри услови за образование и спорт.

Општина во која секое едно населено место ќе добива внимание и ќе се инвестира.

Знам дека има уште многу проблеми.

Знам дека има уште многу барања од граѓаните.

И знам дека не може сè да се реши преку ноќ.

Но, најважно е што Карбинци се движи напред.

Ќе продолжиме да се движи напред.

Со работа.

Со инвестиции.

Со одговорност.

Со чесен однос кон јавните средства.

И со директна комуникација со граѓаните.

Затоа што довербата  ја добив од вас и ја сметам за обврска.

Обврска секој ден да работам за нашата општина Карбинци.

За нашите населени места.

За нашите деца.

За нашите млади.

За нашите семејства.

И за иднината на целата нашата Општина Карбинци.

Ви благодарам за довербата.Ви благодарам за поддршката. Продолжуваме да работиме.Заедно да ја градиме Карбинци каква што ја заслужуваат нејзините сограѓани.