Партијата на пензионери соопшти дека целосно го поддржува влегувањето во собраниска процедура на предлог-законот со кој би се забранило пратениците во Собранието да поседуваат двојно државјанство, што отсекогаш е едно од нашите залагања како партија, се наведува во соопштението ан Партијата на пензионерите.
Исто така, бараме и ја подржуваме идејата ова правило да се имплементира за сите избрани функционери на сите рамништа на управа во целата земја.
Со донесување на ваков закон би се решиле и отфрлиле сите идни можни препукувања помеѓу политичките фактори во земјата за тоа кој и како работи за странски интереси и воедно би се исклучиле сите можности за директно непринципиелно и злонамерно коментирање на кои било странски политичари и влади.
