Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Паркот во Градски ѕид добива 90 нови садници, детско игралиште и теретана на отворено

Паркот зад „Краш“ во Градски ѕид добива нов изглед. Градоначалникот на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Паркот зад „Краш“ во Градски ѕид добива нов изглед. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во работите на терен, каде што се уредува зеленилото и се довршуваат содржините за одмор и рекреација.

Веќе се поставени системот за наводнување и тревната површина, а во тек е садењето на 90 нови садници и дрвја. Меѓу нив има јапонски украсни цреши, индиски јорговани, украсни сливи, јапонски јавори, атласки кедри и сини смреки. Се засадуваат и рози, лаванда, декоративни грмушки и други цветни растенија.

„На граѓаните им ветивме дека овој простор ќе стане уреден парк во кој ќе сакаат да поминуваат време. Денес тоа ветување го остваруваме. Садиме нови дрвја, уредуваме место за игра и рекреација и создаваме пријатно зелено катче среде Градски ѕид“, изјави Герасимовски.

Реклама

Во паркот се доуредуваат пешачките патеки, а поставени се и нови клупи и канти за отпадоци. Просторот ќе има и ново детско игралиште и теретана на отворено, за да можат да го користат граѓани од сите возрасти.