Паркингот на Клинички ќе почне да се проширува наредната недела
Паркингот на Универзитетскиот клинички центар ќе почне да се проширува наредната недела.…
21.08.2025
Сподели:
Фото: Алфа Вести
Паркингот на Универзитетскиот клинички центар ќе почне да се проширува наредната недела. Надлежните очекуваат целата реконструкција да заврши за три месеци. Со тоа конечно треба да се реши хаосот во она што треба да биде врвна здравствена установа во Македонија. Засега нема најави дека ќе се прават корекции на цените за паркирање.