Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Економија

Дурмиши: Отворени сме за нова формула за минималната плата, од исполнетите реформи се очекуваат 20 милиони евра од ЕУ

Владата и Министерството за економија и труд се отворени за дијалог со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и Министерството за економија и труд се отворени за дијалог со социјалните партнери за промена на формулата за усогласување на минималната плата, пресметка според медијалната плата, и за нови колективни договори, но сите решенија мора да се носат врз основа на реални економски параметри, порача денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на брифинг со новинарите.

На брифингот, Дурмиши најави и два нови јавни повици со вкупна финансиска поддршка од седум милиони денари, наменети за унапредување на конкурентноста на домашните компании од преработувачката индустрија.

Дурмиши категорично ги отфрли критиките во јавноста поврзани со новиот Закон за јавни претпријатија во државна сопственост, нагласувајќи дека не се планира продажба на државниот удел.

Реклама

– Имаше една работна група која беше вклучена во изработката на овој закон, на предлог-законот, преку работни групи и имаше можност во тоа време своите забелешки да ги даде. Но, во тоа време не ги даде, не знам зошто, а предлог-законот беше донесен, ставен на ЕНЕР каде што имаат пристап сите здруженија и сите граѓани. Пред да дојде до владина процедура, 20 дена имавме обврска да биде ставен на ЕНЕР. Уште поважно, законот е дел од Реформската агенда каде што неговата примена ќе се одложува за една година. Примената на законот ќе започне една година, откако ќе биде донесен, за да има време сите институци кои што се поврзани да се прилагодат – рече Дурмиши.

Во однос на прашањето за минималната плата и најавите за синдикални притисоци пред редовното законско усогласување во март следната година, кое според постојната формула предвидува по 50 проценти од трошоците за живот и од порастот на просечната плата, Дурмиши посочи дека од вкупно 750 илјади вработени во државата, минимална плата примаат околу 30 илјади.

– Од сите овие вработени само 30 илјади граѓани земаат минимална плата. Кога ги правиш во проценти тоа е околу 4 или 5 проценти. Но, од тие 30 илјади знаеме дека имаме многу трговци поединци каде што имаат сами компании регистрирано. Не може јас како сопственик на компанија каде што сум сам газда, јас да имам приходи од работата, јас од таму да пуштам поголема плата од минималната плата да плаќам повеќе придонеси. И таа 30 илјади бројка ако ја поделиме на две парчиња, едното доаѓа за овие што се трговци поединци, околу 2 проценти од нашите граѓани што ги имаме вработени земаат минимална плата. 98 проценти други не земаат минимална плата. Ова да биде вака јасно, другото е сѐ политика – истакна Дурмиши.

Најави дека прашањето за висината и начинот на пресметка на минималната плата наскоро ќе биде отворено пред социјалните партнери во рамки на Економско-социјалниот совет.

– Ќе видиме на некој од Економско-социјалните совети оваа година сигурно ќе биде ставено и ова на маса да се дискутира. Ајде да се договориме за колективниот договор. Затоа што има одредени институции каде што раководител на сектор зема повеќе плата од министерот или повеќе плата од некој друг што работи многу повеќе. Кога ги разгледуваме овие барања, тие се спротивставуваат. Ајде да седнеме и да ја промениме формулата за пресметување на минималната плата – рече Дурмиши, додавајќи дека при носењето на одлуките мора да се земат предвид сите економски фактори, како што се инфлацијата, куповната моќ, невработеноста, сивата економија, како и кондицијата на преработувачката индустрија, производството и приватниот сектор.

Дурмиши информираше и за динамиката на реализација на мерките од Реформската агенда, посочувајќи дека Министерството за економија и труд досега исполнило пет клучни чекори, од кои државата очекува околу 20 милиони евра приходи од Европската Унија по добивањето на официјалната потврда.

– Сите овие мерки се во фаза на евалуација на документи или контроли на терен за сите, па на крај кога ќе биде сѐ завршено ќе излеземе со бројки колку проценти е реализирано, колку не – посочи Дурмиши.

Тој појасни дека очекуваните финансиски средства од ЕУ ќе бидат наменети за сервисирање долгови, капитални инвестиции и стручна поддршка.

– Овие средства ќе бидат поделени на три дела: едниот ќе биде за сите, тој дел ќе оди во Министерството за финансии, во буџетот на државата, за покривање на долговите што ги имаме, кредитите; другиот ќе оди за капитални инвестиции и третиот ќе оди за поддршка на експерти коишто ќе ни помагаат за натаму да ги исполниме чекорите – појасни Дурмиши.

Меѓу реализираните чекори во надлежност на ресорот, министерот ги издвои оптимизацијата и намалувањето за 20 проценти на парафискалните давачки, во соработка со институциите од областа на економијата, трудот, Централниот регистар и Царинската управа, подготовката на Предлог-стратегијата за корпоративно управување со претпријатијата во државна сопственост за периодот 2026–2030 година, воспоставувањето на јавниот Регистар на претпријатија во државна сопственост, како и зголемувањето на инспекциските надзори за сузбивање на неформалната економија – за 20 проценти кај Државниот пазарен инспекторат и 15 проценти кај Државниот инспекторат за труд.

Во однос на пресметката на просечната потрошувачка кошничка, министерот Дурмиши најави дека веќе од септември продолжува работата за нејзино конечно финализирање, по што ќе следува и повратна информација од институциите на Европската Унија за исполнувањето на преземените реформски обврски.