Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

„Рапид билд“ за 29,4 милиони евра ќе го гради гасоводот со Србија, треба да биде готов во 2028 година

Договор за проектирање и изградба  на интерконективниот гасовод Македонија-Србија потпишаа денеска  Недим…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договор за проектирање и изградба  на интерконективниот гасовод Македонија-Србија потпишаа денеска  Недим Рама,  директор на АД „Номагас“ и директорот на „Рапид Билд“ Тони Каранфиловски во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. 

– По спроведената постапка за доделување на договорот, за најповолна е избрана понудата на компанијата „Рапид Билд“, во вредност од 29,4 милиони евра. Станува збор за договор по принципот „клуч на рака“, според моделот FIDIC кој ги опфаќа урбанистичкото планирање, проектирањето, изградбата и обезбедувањето одобрение за употреба – информира Рама по потпишувањето на договорот.

Македонскиот дел од интерконекторот ќе биде долг 22,4 километри, со дијаметар од 500 милиметри. Почетната точка ќе биде кај блок-станицата „Клечовце“, а крајната точка ќе биде на границата со Србија, во близина на селото Сопот. Во рамките на проектот ќе бидат изградени и пет придружни објекти: главна интерконекторна мерна станица, редукциска станица, блок-станица и две приемно-отпремни чистачки станици. Предвидениот технички капацитет на гасоводот изнесува до 160.000 кубни метри гас на час, со можност за двонасочни текови, а рокот за целосна реализација на проектот е четвртиот квартал од 2028 година.