Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Свет

Папата Лав се надева дека Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран

Папата Лео Четиринаесетти вчера изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп бара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Папата Лео Четиринаесетти вчера изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран.

„Се надевам дека бара излез“, рече папата кога го праша новинар пред неговата резиденција во Кастел Гандолфо во близина на Рим. „Се надевам дека бара начин да се намали количината на насилство, на бомбардирањето“.

70-годишникот е првиот поглавар на Католичката црква од Соединетите Американски Држави.

Реклама

Папата беше прашан дали, со оглед на војната со Иран, сака да му се обрати на Трамп, па одговори: „Ми кажаа дека претседателот Трамп неодамна изјавил дека би сакал да ја заврши војната“. Потоа изрази надеж за излез од конфликтот.

Крајот на непријателствата би бил „значаен придонес за отстранување на омразата што се создава и постојано се зголемува – на Блискиот Исток и на други места“, рече Лео.

Од почетокот на воената ескалација по нападите на САД и Израел врз Иран, папата постојано се изјаснуваше за прекин на насилството.

Тој, исто така, ја искористи својата проповед на Цветници за време на викендот за итен апел за мир: „Исус е цар на мирот, кој ја отфрла војната, кого никој не може да го користи за да ја оправда војната… Тој не ги слуша молитвите на оние што водат војна, туку ги отфрла“.