Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Панова: Успеавме да ги поставиме темелите на идните реформи, оваа една година вреди многу повеќе од седумте години на СДСM и ДУИ

„Ние во текот на оваа година можеби успеавме да поставиме добри темели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ние во текот на оваа година можеби успеавме да поставиме добри темели на кои понатаму ќе ги работиме идните реформи. Оваа една година можам да кажам дека вреди многу повеќе од седумте години измината власт на СДСМ и ДУИ“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ели Панова на денешната трибина во Струмица насловена „Една година ги градиме темелите на македонското земјоделство и храна“.

Панова продолжи и додаде:

„За оваа една година ние сфативме со каков буџет располагаме, односно наследивме во исто време во првите 100 дена се снаоѓавме со долговите кои ни беа оставени, морам да напоменам дека исплаќавме задоцнети плати во делот на АД „Водостопанство“ и задоцнети плати во Македонски шуми, пари кои воопшто не беа предвидени во буџетот на изминатата 2024 година но, ете Владата и ние заеднички најдовме средства и тие пари беа изнајдени од средства кои не биле правилно испланирани“, кажа Панова.

Реклама

Панова истакна дека ребалансот на буџетот кои повторно е во Собрание претставува една нужна алка во работењето на целиот македонски систем.

„Со ребалансот на буџетот кои повторно е во Собрание како една нужна алка во работењето на целиот македонски систем беа и неисплатените субвенции, тие мораа да бидат повторно обезбедени од некаде за да може да се подмириме тоа што сме должни и за да бидеме на позитивна нула и да знаеме дека во иднина нашите земјоделци субвенциите ќе ги добиваат редовно и не како што било досега, туку навремено, однапред платено онака како што заслужуваат“, вели Панова.

Панова потенцираше дека Собранието во изминатата година донело повеќе од 297 закони што е повеќе од половина за време на владата на СДСМ и ДУИ.

„Она кое би сакала да го потенцирам е исто така моментот што во изминатата една година Собранието успеа да донесе повеќе од 297 закони што значи за повеќе од половина од целиот изминат мандат на владата на СДСМ и ДУИ. Можеби оваа бројка е огромна и еден дел од истата се однесува на одредени усогласувања но, добар дел се однесува и на закони кои се наменети токму на земјоделието и она кое значи исправање на грешките со кои се соочува македонските земјоделци во изминатите периоди“, заклучи Панова.