Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав

– Во законодавниот дом денеска ќе се одржат панел-дискусии по повод 35-годишнина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во законодавниот дом денеска ќе се одржат панел-дискусии по повод 35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Како што информираат од собраниската прес-служба, поздравни обраќања ќе имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието, Африм Гаши, директорот на Државниот архив Димитар Богески и директорот на ЈНУ Институт за национална историја, проф. д-р Митко Панов.

Во рамки на настанот ќе биде прикажан документарен филм „35 години од донесувањето на првиот Устав на Македонија“ и изложба на архивски документи.

Реклама

На панел-дискусијата ќе говорат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и член на експертската група именувана од Владата за подготовка на нацрт-текстот на Уставот на Македонија, Тито Петковски – поранешен претседател на Собранието на Македонија и член на Комисијата за уставни прашања во 1991 година, Насер Зибери – поранешен потпретседател на Владата на Македонија и член на Комисијата за уставни прашања во 1991 година, проф. д-р Владо Поповски – почесен член на МАНУ и член на експертската група именувана од Владата за подготовка на нацрт-текстот на Уставот на Република Македонија и Ламбе Арнаудов – пратеник во првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија.

На настанот ќе се одржи и меѓународен симпозиум на тема „Уставност, суверенитет и традиција: 35 години независна македонска држава“. На првата сесија ќе говорат проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Од суверенитет до европска уставност: 35 години борба за смислата на македонската уставна моќ“, проф. д-р Александар Спасов од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Уставот на СФРЈ од 1974 година и дисолуцијата на Југославија – од „конфедерирање на федерацијата“ кон независна македонска држава, м-р Димитар Богески од Државен архив на тема „Местото и улогата на Државната архива на НРМ/СРМ во собирањето и чувањето на историски извори за формирањето на македонската држава“, проф. д-р Рената Тренеска Дескоска од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Поделбата на власта во Македонија: уставни празнини, институционални кризи и злоупотреби“, проф. д-р Јелена Трајковска-Христовска од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Уставниот суд на Македонија / Македонија: статус, предизвици и перспективи во современиот македонски конституционализам и проф. д-р Марко Кртолица од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Развојот на изборниот систем за избор на пратеници во македонското Собрание: искуства, дилеми и идни реформи“.

На втората сесија ќе дискутираат доц. д-р Зоран Иванов од ЈНУ Институт за национална историја на тема „Меѓу реактивноста и проактивноста: градење институционално знаење и капацитет во одбранбениот и безбедносниот систем на Македонија (1991–2026)“, проф. д-р Мирела Кожениевска-Вишњевска од Јагелонски универзитет, Краков, Полска на тема „Хенрик Батовски и независноста на Македонија: Преписка од времето на распадот на Југославија“, проф. д-р Рафал Вожница од Јагелонски универзитет, Краков, Полска на тема „Личната дипломатија и борбата за признавање: Киро Глигоров и односите на Македонија со Соединетите Американски Држави (1991–1994)“, доц. д-р Сашо Додевски од Институт за историја – Филозофски факултет при УКИМ на тема „САД и мировната мисија на ООН УНПРОФОР и УНПРЕДЕП во Република Македонија 1993–1999 година“, проф. д-р Страшко Стојановски и проф. д-р Дејан Маролов од Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип на тема „Етаблирањето на независна Македонија на меѓународната сцена низ призмата на теориите на структурниот реализам“ и вонр. проф. д-р Иван Иванов од Меѓународен балкански универзитет – Скопје на тема „Самоопределување и меѓународно признавање: прашањето на суверенитетот на РМ по 1991 година“.

На третата сесија ќе говорат академик Изет Зеќири од Македонска академија на науките и уметностите на тема „Демографските процеси, миграциите и нивните импликации врз развојот на Македонија / Македонија“, проф. д-р Иванка Василевска од Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Улогата на парламентарната дипломатија во развојот на евроинтегративниот процес – со посебен акцент на Мешовитиот парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација“, проф. д-р Александар Спасеновски, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Диференцирана видливост и правна еднаквост: верските заедници во македонскиот уставен поредок, 1991–2026“, проф. д-р Ана Чупеска, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје на тема „Од територијален до дигитален суверенитет: епистемичките права и уставната отпорност на Република Северна Македонија“, проф. д-р Љубица Јанчева, ЈНУ Институт за национална историја на тема „Од парламентарните предлози до меѓународното признавање: патот на Македонија кон самостојноста (1991–1993)“ и м-р Ивица Боцевски на темата „Врвот на уставниот национализам и раѓањето на демократското прилагодување во Македонија, 1989–1992“.

На последната сесија ќе се обратат проф. д-р Зејни Мазлами од Државен универзитет во Тетово на темата „Историски развој на македонско-грчкиот спор (1991–2018)“, проф. д-р Темелко Ристески од Американски универзитет во Европа – ФОН на тема „Преспанскиот договор и македонскиот национален идентитет“, проф. д-р Ирена Стефоска, ЈНУ Институт за национална историја на тема „Преспанскиот договор и членството во НАТО на Македонија“, проф. д-р Димитар Љоровски, ЈНУ Институт за национална историја; д-р Донче Тасев на тема „Членот 7 од Преспанскиот договор во грчкиот јавен и научен дискурс: толкување меѓу историско-културното разграничување и прифаќањето на македонскиот идентитет“, проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ, ЈНУ Институт за национална историја на тема „Од маргинализација до уставно признавање: бошњачката заедница во Македонија / Македонија“ и проф. д-р Нада Јурукова од ЈНУ Институт за национална историја на темата „Првиот Устав на Народна Македонија од 31 декември 1946 година и неговиот одраз во општествено-политичкиот и културно-просветниот живот (1946–1950)“.