Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Панел дискусија: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“

Во Скопје денеска ќе се одржи Панел дискусија: „Од инциденти до системски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска ќе се одржи Панел дискусија: „Од инциденти до системски ризици: Надворешните влијанија како тест за медиумската отпорност“ на која ќе биде презентиран документот за јавни политики „Медиумскиот екосистем и странското мешање и манипулирање со информации (СММИ)“.

-Странското мешање и манипулирање со информации (СММИ) претставува сложен системски ризик за демократските општества кој особено се појавува и се засилува преку медиумите. СММИ функционира преку координирани активности на странски државни и недржавни актери, нивни посредници и усогласени канали, кои, меѓу другото, ја користат економската, институционалната и дигиталната ранливост на медиумите за да влијаат врз јавната дебата и врз довербата во институциите. Македонскиот медиумски екосистем не е имун на овие ризици. За тоа придонесуваат серија институционални ризик-фактори и системски слабости што ги прават медиумите, но и слободата на информирање подложни на (зло)употреба во координирани надворешни малициозни кампањи, се вели во соопштението од Институт за комуникациски студии.

Авторите Марина Тунева и Драган Секуловски ќе ги презентираат клучните поенти и препораките од документот за јавни политики.

Реклама

Свои излагања ќе имаат претставници на медиумите кои ќе споделат искуства за онлајн напади на комуникациските канали на редакциите.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, како и раководителката на секторот за сајбер безбедност во Министерството за дигитална трансформација, Тања Милановска Најдовски ќе дадат свои осврти како овие предизвици (ќе) се третираат со новиот сет европски медиумски закони, како што е Евопскиот закон за слобода на медиумите (EMFA), Законот за дигитални услуги (DSA), Европскиот закон за сајбер безбедност (EU Cyber security Act) и сл.

ИКС го организира настанот во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, којшто е поддржан од Британската амбасада во Скопје.