Реклама

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Македонија

Пациентката од Тетово не дочека да се оперира на неврохирургија, почина од компликации на коронавирусот, кој го доби во болница

Пациентката од Тетово која требаше да се оперира од тумор на мозок,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пациентката од Тетово која требаше да се оперира од тумор на мозок, но,на неврохирургија одбиваа да и направат операција ,почина од компликации на коронавирусот, со кој се зарази во болница.Семејството е крајно разочарано од негрижата и непрофесионалноста.Ја однесовме да ја излечиме, ја вративме почината,вели синот Жарко. Две недели упорно се обидувале да стапат во контакт со болницата за да дознаат за состојбата на неговата мајка, но залудно.Единствениот повик што го добиле, бил само за да им соопштат дека починала.Се сомневаат дека не добивала соодветна грижа.

  • Вртено е од повеќе броеви, многу пати, никој не се јавуваше, да ни каже како се третира жената,како е, што е.. она беше неподвижна, полусвесна, она не можеше сама да се храни, вода да пие..Немавме никаква информација.Јас ја однесов да се излечи, а не да добие уште една болест која за нејзе беше фатална-Жарко Трајковски- син на починатата.

Голготата им започнала крајот на ноември кога ја однеле во Скопје да се оперира.Како што дознало семејството,лекарите ја одолговлекувале операцијата,оти немало анестезиолог.

  • Ние значи дознавме, е сега колку е вистина,дека  немале анестезиолог.И  еден од докторите кога разговаравме ни го потврди тоа, дека нема анестезија-Жарко Трајковски- син на починатата.

Жарко вели дека ќе бара правда и одговорност за случајот,оти верува дека, доколку мајка му ја оперирале на време и не би се заразила со ковид во болница, сеуште ќе била жива.

Реклама

Милена Вучевска

https://www.youtube.com/watch?v=PekK6_aQANc&feature=youtu.be