Реклама

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Македонија

Отворено 65-то издание на „Охридско лето“

Со гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи и извонредните уметници од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи и извонредните уметници од Националната филхармонија на Македонија, а под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер, во магичниот амбиент на Античкиот театар синоќа беше отворено 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во духот на годинешното мото „Трансформација на сетилата“, виртуозноста на уметниците беше оплеменета со 3Д мапинг на португалскиот сценарист Рафаел Карико.

Прогласувајќи го за отворен, покровителот на фестивалот, претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, потсети дека токму кога се отвора фестивалот и додека трае програмата, Охрид се отвора како волшебна школка и, како што рече, од него излегува највредниот бисер – уметноста.

Уметничката порака годинава ја пренесе актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски, кој низ годините, како селектор, ја градел и успешната театарска приказна на фестивалот.