Реклама

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

Македонија

Отворени апликации за учество на фестивалот за млади, креативност и талент – „Скопје креатив фест“

Отворени се апликациите за фестивалот за млади, креативност и талент – „Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворени се апликациите за фестивалот за млади, креативност и талент – „Скопје креатив фест“ (Skopje creative fest), соопштија попладнево од Американско катче – Скопје.

– „Скопје креатив фест“ ги отвора апликациите и ги повикува младите креативци да станат дел од фестивал што ги слави талентот, уметноста, самоизразувањето и младинската енергија. Oрганизиран од Американското катче во Скопје, со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и Град Скопје, фестивалот е наменет за млади кои сакаат да го покажат својот талент, да споделат нешто свое и да бидат дел од заедница која ја поттикнува креативноста. Од музика и танц, до поезија, театар и визуелни уметности, „Скопје креатив фест“ создава простор за различни форми на уметничко изразување. Без разлика дали станува збор за индивидуален настап или креативна идеја што сакате да ја споделите со публиката, фестивалот е можност младите да добијат сцена и да бидат слушнати и видени – пишува во соопштението.

Како што се додава, фестивалот е изграден околу идејата дека секој млад човек има приказна, талент или идеја што заслужува простор. Не станува збор само за професионално искуство, се додава – туку за храброста да се излезе од својата комфорна зона, да се создава и да се инспирираат другите.

Реклама

– По успешните изданија во изминатите години, овогодинешниот „Скопје креатив фест“ има амбиција да биде поголем од кога било досега, со повеќе од 100 млади изведувачи и публика од околу 1.000 посетители. Фестивалот ќе го претвори Скопје во простор за средба на различни таленти, стилови и идеи. Покрај можноста да настапат пред публика, учесниците ќе имаат можност да запознаат други млади креативци, да разменат идеи и да станат дел од една поголема младинска и креативна заедница. Апликациите се отворени. Доколку си млад/а креативец/ка и пееш, танцуваш, пишуваш поезија, глумиш, создаваш визуелна уметност или имаш друг талент што сакаш да го споделиш – ова е твојата шанса. Аплицирај тука – https://forms.gle/Y8gH6ugqAUvJFEjJ9 – порачаа од Американското катче – Скопје.