Реклама

Крај за „замижувањето“ на граници – телесни камери ги следат цариниците, патниците и превозниците

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Македонија

Отворена 17. канцеларија „Една точка за услуги“, електронските услуги поблиску до граѓаните на Ченто

Во Домот на културата во населба Ченто е отворена 17-тата канцеларија „Една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Домот на културата во населба Ченто е отворена 17-тата канцеларија „Една точка за услуги“, место каде граѓаните од оваа општина ќе можат да извадат голем број документи.

– Центрите за услуги се практично доближување до граѓаните, искористување на електронските услуги од Порталот за услуги и доближување на овие услуги до оние кои немаат можносттоа да го сторат од дома. Ова е начин како услугата да ја добијат побрзо, поефикасно, без да чекаат во редови, да се движат од шалтер на шалтер, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски присуствуваа на отворањето на оваа канцеларија.

Андоновски се надева дека до крајот на годината ќе ја надминат бројката од 20 канцеларии. Вели дека и искористеноста е значајна.

Реклама

– Според денешните податоци што ги имам, таа бројка ќе ја натфрлиме. Започнавме со само пет, сега одиме на бројката дваесет. Искористеноста е значителна од околу 1.300 издадени услуги во 2025 година, денес имаме над 13.000 услуги што се издадени. Тоа се 13.000 граѓани услужени, 13.000 граѓани кои не чекале на шалтери. Се надевам дека во оваа насока ќе се движиме и понатаму, посочи Андоновски.

Најави дека овие денови ќе почне и карванот за услуги којшто ќе ги посети руралните средини.

– Тоа ќе биде специјално дизајнирано моторно возило комбе кое ќе се движи во руралните средини кој што ќе дава услуги на граѓаните во руралните средини по точно утврден распоред затоа што нашата цел не е дигитализацијата да им служи само на граѓаните кои што се подготвени да ги користат услугите, туку да се доближиме до секој граѓанин на државата, рече Андоновски.

Во делот на дигитализацијата, Андоновски сподели и информација дека над 160 вработени во јавната администрација коишто се на клучни позиции ќе поминат низ шестмесечна обука за дигитални вештини спроведена од ФИНКИ и Министерството за дигитална трансформација. Проектот е поддржан од Европската унија.

– Од програмирање до тестирање на апликации, основи на сајбер безбедност, употреба на вештачката интелигенција…. Многу значајно е што овие луѓе се обврзаа по завршување на обуката најмалку две години да продолжат да работат во јавната администрација, изјави Андоновски.

Градоначалникот на Гази Баба се надева дека во општината ќе бидат отворени уште канцеларии каде граѓаните на полесен и побрз начин ќе може да ги извадат потребните документи.

– Преку оваа канцеларија, граѓаните ќе можат да добијат поддршка за над триста електронски услуги. Целта е да ги доближиме институциите до граѓаните на општина Гази Баба. Ова е добра практика и се надевам дека во наредниот период ќе имаме можност да отвориме друга канцеларија на друго место во општина Гази Баба, истакна Стефковски.