Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Отворање на изложбата „Боите на слободата“ во Музејот на Македонија

Во Музејот на Македонија денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Боите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на Македонија денеска напладне ќе биде отворена изложбата „Боите на слободата“, поставка посветена на 35-годишнината од независноста на државата, која преку историски предмети, документи и уметнички дела го прикажува развојот на македонската државност и културен идентитет.

Изложбата ќе биде поставена во историскиот дел на Музејот, а ќе ја отвори директоротАлександар Ристевски заедно со дел од кураторскиот тим.

Пред публиката ќе бидат претставени експонати од музејската колекција, како и дела од истакнати македонски уметници, меѓу кои Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Борко Лазески, Димитар Кондовски, Димо Тодоровски, Родољуб Анастасов, Бранко Коневски и други.

Реклама

Според кураторскиот концепт, изложбата воспоставува визуелен дијалог меѓу минатото, сегашноста и иднината следејќи ги континуитетот на стремежите за слобода и државност, од Охридската книжевна школа и македонската преродба преку Илинденското востание, АСНОМ и сѐ до референдумот од 8 септември 1991 година.

„Боите на слободата“ ги поврзува трите симболични Илиндени – Илинден 1903, АСНОМ 1944 и 8 Септември 1991 година како историски точки што ги обликувале македонската државност и националниот идентитет.

Во подготовката на изложбата учествуваа кустосите Марија Петковска, Татјана Трајковиќ, Анета Попантоска, Здравко Стојкоски и други стручни соработници од Музејот.

Поставката ќе биде отворена во наредните два месеци, во период кога Музејот на Македонија одбележува 50 години од изградбата на својот објект.