Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Отворање на Генералното собрание на Обединетите нации – Мицкоски на самит организиран од Кошта со лидерите на Канада, Австралија и ЕУ

Во Њујорк, денеска, се отвора 81. Генерално собрание на Обединетите нации. Премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Њујорк, денеска, се отвора 81. Генерално собрание на Обединетите нации. 
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на самитот на партнери за мултилатерализам, организиран од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, заедно со лидерите на Кенија и Канада, Вилијам Руто и Марк Карни.

На самитот присуствуваше и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како и лидерот на Австралија, Ентони Албанезе, министрите за надворешни работи на Индија и Бразил, српскиот претседател Александар Вучиќ и други светски лидери.

Сесијата на Генералното собрание ќе ја отворат генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутиереш, како и претседателот на Генералното собрание, Калилур Рахман, од Бангладеш. Од светските лидери, традиционално прв ќе се обрати бразилскиот претседател Лула Игнасио да Силва, а веднаш по него се очекува обраќањето на претседателот на САД, Доналд Трамп.