Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Откако Филипче стана министер, Горан Филипов добил тендери вредни 7 милиони евра

Од 25 декември 2017-та кога Венко Филипче седна во министерското столче, вкупно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 25 декември 2017-та кога Венко Филипче седна во министерското столче, вкупно 7 милиони евра од сметките на Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија, завршиле на сметката на Синерџи, компанијата во сопственост на Горан Филипов, партнерот со кој куќа гради Катерина Савевска, тештата на министерот за здравство.

Според информациите од Бирото за јавни набавки, првиот тендер вреден 350.000 евра компанијата на Филипов, го договорила на 26 декември 2017-та година,  само еден ден откако Собранието го изгласа изборот на Филипче. Во текот на 2018-та, Синерџи од здравствените установи во државата добила речиси 2 милиони евра.

Првите два месеци од годината, нешто помалку од 670.000 евра завршиле на сметката на Синерџи. И април бил доста бериќетен за компанијата на Филипов, тогаш на нивната сметка легнале речиси 450.000 евра.

Реклама

Профитот бил многу поголем во 2019 година. Тогаш фирмата од Министерството за здравство и другите здравствени установи, добила речиси 4,7 милиони евра.

Најбериќетен месец во 2019-та бил декември, кога Синерџи добила 1 милион и 850 илјади евра. Последниот и единствен тендер кој засега во 2020 година Синерџи го договорила е вреден нешто повеќе од 60.000 евра.

Алфа денеска стапи во контакт со министерот за здравство, тој најави дека во текот на утрешниот ден пред камерата на Алфа, ќе ја раскаже својата страна од оваа приказна. Филипче претходно потврди дека го познава Филипов, но не биле многу блиски пријатели.

-Да, го познавам човекот, пријателски врски немаме некакви посебно. Меѓутоа, сум во контакт со него, го знам од порано, како од градов, така и тука од клиника, изјави Филипче.

Одговор околу оваа сторија на Алфа, се уште чекаме од Горан Филипов. Денеска пак повторно се јавивме во Синерџи медикал, но до сопственикот повторно не успеавме да дојдеме. Повторни ни рекоа дека ќе не побараат за одговор исто како минатата недела.

Матеја Петровски