Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Осмиот смртен случај од западнонилска треска е 70-годишен маж, од осум хоспитализирани, двајца со потешка клиничка слика

Осум пациенти со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска се хоспитализирани на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум пациенти со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Во текот на викендот е регистриран и осмиот смртен случај од овој вирус. Станува збор за седумдесет годишен пациент, кој на 25 август бил примен во изразено тешка состоба информираше на денешната прес-конференција директорот на Клиниката за инфективни болести-Скопје, Фадил Цана. 

-За жал, во текот на викендов е регистриран и еден смртен исход на 70 годишен пациент, осми по ред пациент, кој беше примен на клиниката на 25 август во една изразито тешка општа состојба. Веднаш по приемот беше сместен во одделот за интензивно лекување, интубиран и беше на механичка вентилација. ​За целиот овој десетдневен престој, пациентот беше во изразито тешка општа состојба и покрај целиот третман, целиот напор на одделот за интензивна нега, во текот на викендот заврши со летален исход-вели Цана. 

Од осумте хоспитализирани пациенти, двајца се со потешка клиничка слика и се наоѓаат на одделот за интензивно лекување, интубирани се и се на механичка вентилација. Директорот на Клиниката за инфестивни болести додаде дека освен еден пациент од Свети Николе, сите останати се од Скопје и се на возраст од над 60 години. 

Реклама

-Сите пациенти се од Скопје, само еден хоспитализиран од новопримените кој е на одделот за невроинфекции е од Свети Николе-изјави Цана. 

Тој истакна дека веќе четири дена не е примен нов пациент со потврдена западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, инаку пациенти кои се лекуваат на оваа Клиника се заразени во земјата.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: