Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Ормутскиот теснец останува блокиран, експлозии се слушаат и во Техеран и во Дубаи

Силни експлозии изутрината ги разбудија жителите на Техеран по серија ракети истрелани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силни експлозии изутрината ги разбудија жителите на Техеран по серија ракети истрелани од Израел. Експлозии и во Дубаи, откако Иран со беспилотни летала го погоди аеродромот, по што избувна пожар. Блискиот исток и натаму гори, а цената на нафтата пак оди нагоре. Суровата, Брент, достигна цена од речиси 105 долари за барел, што е пораст од повеќе од 40 отсто од почетокот на војната.

Како ќе се развиваат работите нема проценка, а паниката за цената на нафтата ги вознемирува особено државите кои индиректно ги чувствуваат последиците од војната.

Израелското министерство за одбрана соопшти дека почнале копнена операција против клучни цели во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона. Ерусалим продолжува и со напади кон трупите на Хезболах.

Реклама

„Операцијата е дел од напорите за воспоставување напредна одбрана, уништување на терористичката инфраструктура и елиминација на борците кои дејствуваат во областа“, објавија од Израелско МО.

Пожарот на аеродромот во Дубаи избувнал откако дронови погодиле резервоар за гориво, додека воздушната одбрана на заливската земја презема дејствија за справување со напади со ракети и беспилотни летала кои доаѓаат од Иран.

„Звуците што се слушаат во одделни области на земјата се резултат на пресретнувањето на балистичките ракети од страна на системите за воздушна одбрана, како и на пресретнувањето на беспилотни летала и ракети од страна на борбените авиони“, објавија од Министерството за одбрана ОАЕ.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп предупредува дека НАТО го чека лоша иднина доколку сојузниците не помогнат да се осигура безбеден премин за комерцијалните бродови низ Ормутскиот теснец.

„Ако нема одговор на нашето барање или пак биде негативно, мислам дека тоа ќе има лоши последици за НАТО“, објави Доналд Трамп.

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи изјави дека за Техеран секој крај на американско-израелската војна со Иран мора да биде дефинитивен.

„Техеран не сака само прекин на огнот, туку дефинитивен крај на војната,“ рече Арагчи.

Очигледно е дека предупредувањата на Трамп во врска со повикот за помош околу одблокирањето на морскиот пат, односно Ормутскиот теснец, не вродуваат плод. Неговите апели се однесуваа на Европа и Кина, кои во голема мера зависат од нафтата од Персискиот залив. Неизвесноста продолжува.

Мартин Трајчевски