Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Организирана група собира пари од граѓаните лажејќи ги дека нивни блиски убиле човек во сообраќајка

„Ќерка ви направи сообраќајка, прегази дете кое почина. Мора да платите пари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ќерка ви направи сообраќајка, прегази дете кое почина. Мора да платите пари, во спротивно ќе заврши во затвор“ – со овие зборови непознат машки глас на телефон претставувајќи се како сообраќаен полицаец бара пари од граѓани. Додека тој зборува во позадина се слуша глас на расплачена жена која вика –„Спасете ме, дајте им пари ќе ме затворат.“

По овој разговор такси возило стигнува пред куќата на жртвата која се согласила да плати пари, а сумата која се плаќа на непознатиот таксист се движи од 2000 до 10000 евра. Оваа не е сценарио од криминалистички филм, организирана криминална група хара по државата, мамејќи граѓани дека нивни деца или внуци убиле малолетник во сообраќајка.

Последниот случај е пријавен пред неколку дена од старица од Свети Николе.

Реклама
  • На 21 јануари  во 11.00 часот 78 годишна жена пријави дека  телефонски ѝ се јавило машко и се претставило како полициски инспектор од Скопје. Ја известило дека наводно нејзината внука предизвикала сообраќајна незгода во која загинало осумгодишно дете и за да не оди во затвор ѝ побарал 2.000 евра,  кои требала да ги даде на лице кое веќе тргнало кон Свети Николе. Исто така, според пријавеното, околу 12.15 часот пред нејзината куќа со такси возило дошло непознато лице кое ги зело парите, велат од МВР.

23 семејства досега се жртви на групата измамници, 5 им платиле пари, а 18 не наседнале на измамата. Полицијата е на траг да открие организирана криминална група која најверојатно парите што ги собира од измамените граѓани ги носи надвор од државата.

Катерина Гетева