Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Организациската директорка на Токсикологија, им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите

Докторите, сестрите, болничарите и останатиот технички персонал на Токсикологија добија забрана да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Докторите, сестрите, болничарите и останатиот технички персонал на Токсикологија добија забрана да даваат изјави на новинари, па дури и да се среќаваат со нив, без претходно одобрение од раководството односно организацсиката директорка, која за јавноста стана најпозната зашто не зборува македоснки и на работа оди во придружба на татко си.

Новите правила се објавени на огласната табла на Клиниката.

„Клиниката ја донесе следната наредба: За забрана на неовластено присуствување, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции. Се забранува неовластено свикување конференции за печатени и електронски средства за информирање, давање интервјуа и слично со што би се нанело штета на интересите на угледот на клиниката. Средба со новинари, други медиуми само со претходно известување на в. д. организацискиот директор. Непочитувањето на оваа наредба подлежи а санкционирање“, се вели во наредбата.

Реклама

Оваа доаѓа ден по одлуката за доделување на решенијата за работа на 18 работници кои имаа истечени договори на дело на Токсикологија и една недела откако беше разрешен медицинскиот директор додека користише годишен одмор.

Дали е ова законски ДСЗИ ќе проверува деновиве. Од минатиот четврток 18-те лица повторно почнале да извршувааат работни задачи на Клиниката, иако за дел од нив од здравствениот инспектоарт беше посочено дека немаат соодветно образование.

Нововработените преку писмена изјава објавена од Министерството за здравство изнесоа обвинувања за доктор Нико Беќаровски на клиниката дека наводно ги навредувал на етничка основа зошто биле Албанци. Тој негираше и најави тужби, а зад него застанаа речиси сите лекари и најголемиот дел од вработените на Токсикологија.