Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Свет

Орбан: Заканата од Трета светска војна може да се намали само со состанок меѓу Трамп и Путин

„Денеска се одржа состанок на лидерите на 27-те земји-членки на Европската Унија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Денеска се одржа состанок на лидерите на 27-те земји-членки на Европската Унија. Беше потврдено дека заканата од Трета светска војна може да се намали само со состанок меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин. Исто така, беше потврдено дека стратегијата за изолација на Русија не успеа и дека украинскиот конфликт не може да се реши на фронтот, туку само преку дипломатски напори“, напиша Орбан на својата Фејсбук страница по онлајн самитот на Европската Унија.

Тој додаде дека е исто така јасно оти членството во ЕУ не може да ѝ обезбеди на Украина никакви безбедносни гаранции и дека поврзувањето на европската интеграција со безбедносните прашања е „бескорисно и опасно“.

Според него, Унгарија ги поздравува чекорите преземени во разговорите меѓу Трамп и Путин, го поддржува продолжувањето на преговарачкиот процес и инсистира на одржување нов самит Европа-Русија „што е можно поскоро“.