Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Свет

Орбан до Брисел за Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди

Брисел се обидува да го забрза пристапувањето на Украина во ЕУ, игнорирајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брисел се обидува да го забрза пристапувањето на Украина во ЕУ, игнорирајќи ги критериумите и економските последици. Нашите европратеници јасно ставаат до знаење: проширувањето не може да се базира на лицемерие, двојни стандарди или жртвување на европската економија. Ние се залагаме за суверенитет, праведност и мир, објави унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека „бриселската елита се залага за заедничко задолжување за да ги лиши нациите од нивниот суверенитет и да создаде т.н. Соединети Европски Држави“. Но, тој на ова гледа поинаку:

– Тие сакаат да ја искористат војната во Украина како изговор за да ни стават финансиски пранги и да не оковаат. Мора да погледнеме подалеку од бојното поле кон иднината на самата Унија: слободни нации или потчинување на неизбрани бирократи?, напиша Орбан.

Реклама

Претходно, во тек на денот унгарскиот премиер му се заблагодари на заменик-премиерот на Италија, Матео Салвини, затоа што „застанал во одбрана“ на две унгарски државјанки кои биле нападнати од мигранти во Катанија.

– Му благодарам на Матео Салвини, заменик премиер на Италија, што застана во одбрана на двете млади унгарски девојки кои во Катанија ги нападнаа мигранти. Овој напад исто така докажува дека миграциската политика на Европската комисија е неприфатлива. Наместо да ја сопрат миграцијата, тие се занимаваат со правни игри и бирократски сплетки, напиша Орбан на „Фејсбук“.

Тој оцени дека „неуспешната миграциска политика“ на ЕУ „довела до овој напад“.

– Овој случај на сексуално насилство паѓа на совеста на бриселските бирократи. Вака повеќе не може, предупреди премиерот на Унгарија и повика на „бунт против Брисел“.

Инцидентот се случил кога тројца мигранти нападнале две млади унгарски државјанки кои се враќале од плажа, откако претходно им понудиле превоз. Потоа ги однеле на осамено место каде што почнале да ги малтретираат. Напаѓачите подоцна биле уапсени, а според информациите, сите тројца мажи нелегално престојувале во Италија.

Виктор Орбан писмено побарал Европската Унија да ѝ ги надомести на Унгарија трошоците за заштита на границите, потсетувајќи дека земјата спречила влез на повеќе од еден милион нелегални мигранти од 2015 година, но и покрај тоа се соочува со дневни казни од еден милион евра од Брисел, напиша претходно порталот „Индекс.ху“.