Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Општинска поддршка за регионална платформа за млади во Пелагонија

Градоначалниците од Пелагонискиот Регион денеска дадода јавна поддршка на Регионалната платформа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалниците од Пелагонискиот Регион денеска дадода јавна поддршка на Регионалната платформа за млади, документ кој етаблира и е двигател на младинските политики, изработен од здружението на граѓани „Про-Локал“-Битола.

Платформата функционира како жив и динамичен простор за дијалог, каде што идеите на младите добиваат конкретна форма преку регионални иницијативи и политики, информираа од „Про-Локал“ по заедничка средба со пелагониските градоначалници.

Нова иницијатива во рамки на платформата е воведување посебна буџетска ставка „МЛАДИ“, која произлегува директно од соработката помеѓу младите и институциите. Овој чекор претставува конкретен пример како заедничките идеи можат да прераснат во системски решенија, посочија од „Про Локал“ Битола.

Реклама

Активностите се реализираат во рамки на проектот „Младински политики по мерка на младите“, со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“.