Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Општина Василево започна со уредување на простории за пензионерите

Пензионерите од Василево ќе добијат нов комплетно уреден простор за секојдневно дружење.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионерите од Василево ќе добијат нов комплетно уреден простор за секојдневно дружење. По завршувањето на постапката за избор на најповолен понудувач, започнаа активностите на адаптација и уредување на просториите, кои се сместени во приземјето во Домот на културата во Василево.

Во информацијата од Општината се наведува дека ова е едно од ветувањата на градоначалникот Славе Андонов кои се реализираат и кои значат подобри услови и простор за сите генерации во Василево.

Адаптацијата опфаќа отстранување на стариот малтер, таван, подови и врати, како и урнување на еден од постоечките ѕидови, по што ќе следува малтерисување на ѕидовите, поставување на нов таван, подови, врати, современо осветлување и нови санитарни елементи.

Реклама

Буџетот за сите планирани активности изнесува 1.015.611 денари, средства обезбедени од сопствните извори на приходи на општината, а адаптацијата треба да заврши до крајот на годината.