Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Македонија

Општина Струмица во портокалово: Почна кампањата „16 дена активизам против насилството врз жените“

-Со симболично осветлување на зградата на Општина Струмица во портокалова боја, синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Со симболично осветлување на зградата на Општина Струмица во портокалова боја, синоќа беше означен почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“, соопштија од локалната самоуправа.

Во рамки на кампањата Општината ќе реализира работилници, јавни акции за подигнување на свеста, како и активности за зајакнување на соработката и комуникацијата со институциите, организациите и стручните лица вклучени во процесот на заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство.

-Општина Струмица има и конкретна, континуирана улога во системот на поддршка на жртвите. Таа е директен партнер на Шелтер центарот за заштита на жени жртви на семејно насилство и го обезбедува просторот во кој функционира Психосоцијалното советувалиште. Оваа поддршка ќе продолжи и во иднина, со цел жените кои се соочуваат со насилство да имаат пристап до соодветна помош, советување и поддршка, се наведува во соопштението.

Реклама

Локалната кампања ќе биде насочена кон подигнување на јавната свест, препознавање и спречување на насилството, но и кон зајакнување на институционалната соработка и механизмите за заштита.

Кампањата „16 дена активизам“ трае од 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, до 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.