Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Гаши: Сè уште нема барање за итна седница за фемицидите, ќе побарам да се донесе националната стратегија за борба против корупцијата

До Собранието сè уште нема стасано барање за итна седница за насилството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До Собранието сè уште нема стасано барање за итна седница за насилството врз жените и семејното насилство, а законот за насилство поднесен на 26 август од страна на пратеници е испратен на мислење до Владата – изјави денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши, по редовната средба со новинарите. Опозицијата предложи, а мнозинството прифати да се одржи итна седница за фемицидите во земјата. 

– Сè уште немаме доставено такво барање до Кабинетот на претседателот или до службата на Собранието. Штом го добиеме тоа барање, веднаш ќе постапиме. Во однос на законот што е во собраниска процедура, испратено е мислење до Владата. Штом добиеме мислење од Владата, законот ќе го пуштиме во собраниска процедура – изјави Гаши.  

Запрашан дали денеска на седницата за пратенички прашања ќе го потсети премиерот Христијан Мицкоски за Владата да даде мислење, Гаши рече дека ова е толку сензитивно прашање што секој од нив, носители на јавни функции, но и новинари и сите граѓани, сакаат тој закон што побргу да се донесе и да се намали насилството врз жените и воопшто да го нема ако може. – Но тоа ќе биде борба, која ќе треба сите да ја извојуваме заедно – рече Гаши. 

Реклама

Националната стратегија за борба против корупцијата е ставена на дневен ред на 111. седница, на која е и предлог-законот за правична застапеност, а таа седница беше блокирана од опозоцијата.

– Повеќето од законите на кои предлагачи беа Владата и пратениците ги повлекоа и ги ставивме на друга седница. Јас ќе побарам в понеделник од координаторите да се согласиме заедно да свикаме продолжение на 111. седница и само таа точка да ја гласаме. Ако не успееме да се договриме, тогаш ќе побараме од ДКСК да ја повлече стратегијата и веднаш да ја достави да ја ставиме на друга седница – изјави Гаши. 

Одговорот на претседателот на Собранието за законот за правична застапеност, за кој е потребно и Бадентерово гласање, повторно е дека се разговара со партиите на Албанците и оти се прават обиди за решение и дека законот ќе биде донесен.    

Што се однесува до пополнувањата на местата во Уставниот суд, рече Гаши, едно место е испразнето и треба да го пополни Собранието за што денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја предложи судијката од Гостивар – Теодора Ефтимовска-Бојковска.

– Веќе е почната процедурата за изборот на оваа уставна судијка и се надеваме дека во најбрз можен рок, во согласност со Деловникот, ќе го донесеме. Што се однесува до завршувањето на мандатот на двајца други уставни судии, се надевам дека штом ќе ги имаме предлозите, ќе постапиме веднаш во согласност со Деловникот и дека навреме ќе ги пополниме – рече Гаши.