Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Половина час пауза за координација за поставувањето претенички прашања

Собраниската седница за пратенички прашања ќе продолжи по паузата од половина час…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската седница за пратенички прашања ќе продолжи по паузата од половина час и координација на спикерот Африм Гаши со координаторите на пратеничките групи и пратениците што не се организирани во пратенички групи за усогласување на деловничкото право.

Според претседателот на Собранието, Гаши, не е добро да се злоупотребат процедуралната забелешка и присуството на премиерот и министрите.

Појасни дека распоредот за поставување пратенички прашања го прави врз основа на соодносот два наспроти еден во корист на опозицијата посочувајќи дека координаторите на пратеничките групи треба меѓусебно да се договорат за тоа кој ќе поставува пратенички прашања. 

Реклама

Пратеникот Зијадин Села во процедурална забелешка посочи дека не се почитува неговото деловничко право за партиципирање во поставувањето на пратенички прашања истакнувајќи дека поради кршење на Деловникот и неможноста да постави пратеничко прашање, собраниската седница ќе биде блокирана.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, праша дали таквата постапка на пратениците што не се организирани во пратеничка група е намерна и дали е во корист на парламентарната пракса.