Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Националното студентско тело бара субвенцијата за студентски оброк да биде 4.500 денари месечно

– Националното студентско тело соопшти дека од околу 7000 студенти што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Националното студентско тело соопшти дека од околу 7000 студенти што се изјасниле во онлајн анкетата  за понудениот нов ваучерски модел на субвенциониран студентски оброк, 97 проценти поддржале зголемување на износот на 4.500 денари месечно или околу 180 денари на ден, независно од воведувањето на новиот модел, а 79,5 проценти го претпочитаат постојниот модел со платежни картички.

Според претседателката на Националното студентско тело, Ангела Василевска, во изминатиот период фокусот во јавноста се ставал на новото системско решение, а не на тоа што, рече, законски им следува и е првостепено за студентите – сегашниот дневен износ од 140 денари да се зголеми на околу 180 денари односно сумата да биде усогласена со стапката на инфлација. 

Василевска на прес-конференција нагласи дека студентите бараат повеќе пари за субвенционираниот оброк веднаш, а не од почетокот на идната академска година за кога Владата го планира новиот модел – апликација со многу поволности и попусти при купувањето храна кај избрани оператори. 

Реклама

– Три години не се почитува Законот за субвенциониран студентски оброк и бараме  државата да почне да го почитува законот што самата го пропишала – износот треба секоја година да расте според ифлациската стапка по секоја фискална година. Сега сум четврта година на студии и досега само еднаш е покачен студентскиот оброк, кога бев прва година. Студентите се гладни и три години оставени на цедило, студентскиот оброк мора веднаш да се покачи. На сите факултетски бифеа за 140 денари не може да се најде ни делумно од оброк – изјави Василевска.

За привилегиите што се најавуваат со новиот модел, рече дека од многу угостителски локали, ресторани, пекарници и компании веќе користат попусти и оти тоа „не е некоја нова мерка“, а за  планираното воведување на моделот од октомври 2027 година смета  дека е „одолговлекување и уште една година извисување на студентите“.

Резултатите од анкетата со нивните барања денеска ќе ги достават до МОН и, рече, ќе чекаат две недели – во првата седмица да бидат разгледани нивните барања и уште седум дена да добијат одговор. Ако не им се исполнат барањата, најави дека студентите ќе излезат на протест.