Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Македонија

Стефковски: Младите брачни парови до 35-годишна возраст ќе бидат ослободени од комуналии при изградба на сопствен дом, мерката е веќе реализирана во неколку скопски општини, меѓу првите и Гази Баба

Продолжуваме со креирањето и спроведувањето конкретни мерки за младите, со цел да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваме со креирањето и спроведувањето конкретни мерки за младите, со цел да им овозможиме полесно да дојдат до сопствен дом.

Со новата мерка, која ќе биде преточена во законско решение, ВМРО-ДПМНЕ предвидува младите брачни парови до 35-годишна возраст, кои сакаат да изградат сопствен дом, да бидат ослободени од плаќање на комуналии кон општините.

На овој начин, директно го намалуваме финансискиот товар на младите семејства и им даваме дополнителна поддршка при решавање на едно од најважните животни прашања, а тоа е домувањето, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бобан Стефковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Гази Баба.

Реклама

Ова е дел од пошироката политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на младите.

Советот на Град Скопје веќе ja усвои мерката со која младите брачни парови до 40 години и самохраните родители, кои сакаат да изградат сопствен дом, се ослободуваат од делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Градот Скопје, односно од 60 проценти од вкупните комуналии, за објекти во рамките на Генералниот урбанистички план.

Општина Гази Баба ја реализираше оваа мерка кон крајот на минатата година, со што младите брачни парови до 35 години добија поддршка при изградбата на сопствен дом, односно младите брачни парови се ослободуваат комплетно од комуналиите кои припаѓаат на општината.

Иако мерката првично беше предвидена за лица до 29-годишна возраст,  по деталната анализа и согледување на реалните потреби на младите, старосната граница ја зголемивме на 35, односно на 40 години.

Целта ни е да опфатиме поголем број млади брачни парови и семејства на кои ваквата поддршка им е потребна.

Почитувани,

Со вакви мерки покажуваме дека нашата заложба е поддршката на младите да ја претвораме во конкретни решенија и финансиски поволности. Сакаме младите да имаат перспектива, да може да планираат иднина во сопствената држава и полесно да го направат првиот чекор кон создавање сопствен дом.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да креира и спроведува политики што ги препознаваат потребите на младите, ги поддржуваат семејствата и создаваат подобри услови за живеење и градење иднина дома.