„Есенски музички свечености“ 2026 свечено ќе се затвори со солистички концерт на Хатиџе Салиева, вечер со почеток во 18 часотво Салон 19’19 (Културно информативен центар).
Дирекцијата за култура и уметност информираат дека на програмата се „Четири годишни времиња“ на Антонио Вивалди, како и музика од филмот „Шиндлеровата листа“ на Џон Вилијамс. Пијано-придружба: Ива Виденовик под менторство на Аспарух Коневски.
Хатиџе Салиева е ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. И покрај младата возраст, таа веќе има остварено значајни резултати на музички натпревари. Во 2026 година освои прва награда на Државниот натпревар по виолина, како и специјална награда на Меѓународниот натпревар по виолина во Кавадарци.
Настанот е организиран во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.свс/

