Реклама

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Убил двајца во Македонија, па поради „бугарската самосвест“ бара доживотниот затвор да го одлежи во Бугарија

Бугарија како да се претвара во засолниште за криминалците од Македонија. По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија како да се претвара во засолниште за криминалците од Македонија. По примерот со таткото на Ива Михаилова,кој избега во Бугарија за да не лежи затвор, па си ја повлече ќерката, слична приказна доаѓа и од Охрид. На површина излегоа информации дека и таткото на Горазд Петрески, малолетникот кој наводно бил малтретиран од полицајци заради тоа што бил Бугарин, веќе предходно се обидувал да избегне казна затвор на ист начин.

Таткото Бојан Петрески, кој е осуден на доживотен затвор за двојно убиство, барал казната да ја одлежи во Бугарија затоа имал нивна самосвест. Жалбата дури стигнала до Уставниот суд, кој побарал случајот да се доистражи. Откритието дојде откако Бојан ја подржа бугарската реторика за својот син, и ја демантираше мајката на Горазд дека тој не ни поседувал бугарски пасош.

  • „Море племе едно, јас сум таткото на Горазд! Остај мајката, детето мое е пребиено пред куќа од полицајци со српски униформи во Охрид. Како не ви е срам, бе? Горазд е бугарски граѓанин и јас исто. Ќе одговарате! Цела национална безбедност од појќе држави е вклучена 4 месеци, незнаеф за сторителите“, напиша Петрески.

Инаку станува збор за случајот што го отрки Алфа телевизија кога Бугарскиот портал „Таралеж“ објави текст во кој се обиде да претстави дека момчето било нападнато од полицајците затоа што имал бугарска самосвест. Но, неговата мајка, во емисијата „колегиум„ на Алфа, јавно ја демантираше информацијата тврдејќи дека некој се обидува да го злупотреби нејзиниот син, посебно затоа што тој воопшто и немал бугарски пасош.

Реклама

Инаку, таткото Петрески е осуден правосилно во 2017 година на доживотен затвор за двојно убиство ко го сторил во август 2014 година во Охрид. Убил сопстевник на ресоран и неговиот пријател, за новоден долг од 4,5 илјади евра. Уште во 2022 година, побарал да ја издржува казната во Бугарија, повикувајќи се на своето бугарско државјанство. Трансферот никогаш не се случил, ниту има информации до каде е случајорт.

За случајот пак со неговиот син, Полицијата поднесе кривична пријава за тројца полициски службеници, од кои едниот е српски државјанин. Тие се товарат за „малтретирање во вршење на службата“.

Случајот со таткото е речиси идентитчен со тој на Ива Михаилова. И таму, како и тука, нејзиниот татко избега во Бугарија откако во Македонија беше осуден за обид за убиство. Па потоа и неговата ќерка одеднаш се почуствува за Бугарка и избега до Македонија за да не биде осудена за сообраќјака со сртни последици. Скандал, во кој Бугарите целосно се заплеткаа.