Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Општина Пустец за првпат ќе добие канализациска мрежа, голем чекор за заштита на животната средина и развој

Група експерти од Националната агенција за водовод и канализација (AKUK) од Тирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Група експерти од Националната агенција за водовод и канализација (AKUK) од Тирана реализираа работна посета во Општина Пустец, во рамки на подготовката на проектот за изградба на канализациска мрежа за сите села на општината. 

– За време на посетата беа извршени теренски проверки и беа разгледани техничките детали на проектот, кој се смета за една од најважните инвестиции за ова подрачје. Целта на овој проект е создавање на модерен канализациски систем, кој трајно ќе го реши проблемот со загадувањето и значително ќе ги подобри условите за живот на жителите на Општина Пустец, информираа од општината. 

Додаваат дека оваа значајна инвестиција ќе се реализира од страна на Владата на Албанија, придонесувајќи за заштита на животната средина, зачувување на Преспанското Езеро и одржлив развој на целиот регион. 

На средбата присуствуваше и градоначалникот Пали Колефски, кој  изрази благодарност до централните институции за поддршката и секако за ангажманот на експертите од AKUK. 

Според него овој проект претставува важен чекор кон помодерна инфраструктура и почиста животна средина за заедницата.