Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи во сабота во чест на Фросина Кулакова

Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во чест на Фросина Кулакова, која загина на „Партизанска“ во Скопје, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. Оттаму истакнаа дека се работи за голем протестен марш.

„Под слоганот „Стоп за сообраќајното насилство“, ќе се одржи протестен марш, ќе се бара правда за прерано згаснатиот живот на нашата сограѓанка Фросина Кулакова, но и за сите други жртви во сообраќајот. Планирано е протестот да започне во 14 часот од центарот на градот, на улицата „Маршал Тито“, кај семафорите. Учесниците на протестот ќе се движат по главната улица со крајна дестинација градските гробишта и вечното почивалиште на Фросина“, појаснија од Службата за информирање при Општината.

Притоа, додадоа дека целиот настан е координиран и маршот ќе биде обезбедуван од припадници на Министерството за внатрешни работи.

Реклама

„Се апелира до сите граѓани на општина Неготино, во сабота, ако не е крајно неопходно, во овој период од денот да не излегуваат со возила, бидејќи се очекува голема масовност на протестот и присуство на граѓани од цела Македонија. Доста е со жртви на улиците – ќе биде основната порака од протестот на кој ќе се побара поголема безбедност на улиците, подигнување на свеста за опасностите во сообраќајот, најстроги казни за сообраќајните насилници и одговорност од институциите“, нагласија од Службата за информирање при локалната самоуправа.

Оттаму подвлекоа дека како Општина го поддржуваат протестот и активно ќе се вклучат во него.

„Воедно, ги повикувам и сите сограѓани да дојдат во сабота и да се придружат на протестот за прерано згаснатиот живот на Фросина, на Викторија и на многу други, кои не се меѓу нас, поради присутното насилство во сообраќајот и неказнивоста на извршителите на овие дела“, напиша неготинскиот градоначалник Горан Стојанов на „Фејсбук“.