Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Општина Илинден со 20 отсто повеќе првачиња од лани

Општина Илинден соопшти дека годинава во училиштата на нејзина територија има 184…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден соопшти дека годинава во училиштата на нејзина територија има 184 првачиња, 20 отсто повеќе  отколку во  минатата учебна година. 

-Во услови кога на државно ниво се бележи намалување на бројот на запишани ученици, растот на бројот на првачиња во општина Илинден е особено позитивен показател за развојот на општината, како и на зголемување на бројот на млади семејства и деца кои живеат во неа, наведува  Општината и информира дека во нејзините училишта учебната година денеска почнала „со нови училишни ранци, насмевки и возбуда“.

На првиот училиштен ден градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски, ги посетил општинските основни училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, им посакал добредојде на најмладите ученици и им поделил ранци со училиштен прибор.

Реклама

-Покрај традиционалното обезбедување ранци и училиштен прибор за секое прваче, оваа година Општина Илинден воведе и нова мерка за поддршка на семејствата – првпат секое прваче добива и финансиска поддршка во износ од 3.000 денари. Со оваа мерка, Општина Илинден дополнително им помага на родителите во периодот кога започнуваат новите училишни обврски, а воедно ја потврдува определбата за континуирана поддршка на најмладите жители и нивните семејства, информира Општина Илинден. 

Во текот на летниот распуст во училиштата во Илинден биле реализирани повеќе активности за подготовка на објектите и подобрување на условите за настава, што, се наведува во соопштението, „дополнително ја потврдува заложбата на општината за подобрување на воспитно-образовниот процес на учениците“.

Во основните училишта на територијата на општината Илинден годинава има околу 1630 ученици, а во средното училиште се  300 ученици.