Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Општина Илинден положи цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски во Миладиновци

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е одбележан со пригоден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е одбележан со пригоден настан во населеното место Миладиновци, каде што беше положено свежо цвеќе пред споменикот на македонскиот револуционер Васил Стојанов-Аџаларски, роден во 1880 година во селото Аџалари, денешно Миладиновци.

-Тој бил истакнат војвода и борец за национална слобода, кој предводел чета составена од комити од поширокиот регион на денешна општина Илинден. Аџиларски херојски загинал во 1909 година, соопшти Општина Илинден.

Цвеќе пред неговиот споменик положила општинска делегација предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, во која биле пратеничката Драгана Бојковска, советници, претставници на општинските јавни претпријатија и училиштата, Сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина Илинден, претставници на невладини организации и голем број граѓани.

Реклама

Во рамки на одбележувањето, во Домот на културата во Миладиновци се одржал и шаховски турнир организиран од Здружението на пензионери „Илинден“, на кој учествувале 18 шахисти. Општината информира дека првото место на турнирот го освоил Душан Сурловски, второто – Христијан Стефановски, третото место – Миле Спасовски и  четвртото – Диме Мицевски.

-Покровител на настанот беше градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на крајот на турнирот им додели пригодни награди и плакети на најдобрите учесници, при што истакна дека ваквите активности претставуваат важен дел од заложбата на Општината за активно вклучување на повозрасните генерации во јавниот живот, но и за негување на традицијата и сеќавањето на историските вредности. Со достоинствено чествување, Општина Илинден уште еднаш покажа дека историјата е темел врз кој треба да се гради иднина заснована на слобода, солидарност и припадност, се наведува во општинското соопштение.